Имаш иновативна бизнис идеја?

РЕДОСЛЕД НА АКТИВНОСТИ ВО АКЦЕЛЕРАТОРСКАТА ПРОГРАМА

ПРЕД-АКЦЕЛЕРАТОРСКА ФАЗА

Започнување на пред - акцелераторска фаза, за тие стартапи што ќе го поминат првиот степен на евалуација.

ЦЕЛ: Нивно оспособување за изработка на понапредна верзија на бизнис - план и континуирана евалуација со примена на разни техники

АКЦЕЛЕРАТОРСКА ПРОГРАМА "ЗАЕДНО РАСТЕМЕ"

Реализација на акцелераторската програма со наслов “Заедно растеме” и донесување конечна одлука за инвестирање во најатрактивните стартапи.

Нашиот тим го сочинуваат искусни практичари кои имаат стартувано сопствени бизниси и успешно управуваат со нив, како и бизнис – експерти во делот на креирање стратегии за раст, иновации и претприемништво, маркетинг истражување, продажба, финансии и др. Тие ќе понудат континуирана менторска поддршка на оние стартапи во кои ќе се финансираат средства. Дополнително, со поддршка на нашата мрежа на домашни и странски бизнис – консултанти и ментори, ќе се креираат и испорачаат тренинг модули, согласно специфичните потреби на секој од избраните стартапи.