ЗА НАС

Нашата Приказна

X Фактор Акцелератор од Велес е првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје, кој е основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси.

Проектот за негово стартување е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија (ФИТР), во соработка со Светска банка, преку инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно – технолошки акцелератори.

Нашата Цел

Целта е да се поттикне и регионалното претприемништво преку раздвижување на стартап сцената и надвор од главниот град. За таа цел, во период од 30 месеци се предвидува имплементација на акцелераторската програма „Заедно растеме“, со која ќе се обезбеди нѐ само едукативна, туку и финансиска поддршка за развој на почетни иновативни бизниси, кои имаат голем потенцијал за раст. 

Бенефити

Зошто да аплицирате за влез во програмата на X Фактор Акцелератор и што добивате од нас?

Финансирање

До 100.000 евра за брза комерцијализација

Бизнис идеите за кои ќе се процени дека имаат најголем пазарен потенцијал ќе бидат финансирани во износ до максимум 100.000 евра, со цел за брза комерцијализација.

Пред-Акцелераторска програма

РАЗВОЈ НА БИЗНИС ИДЕЈАТА

Бизнис тимовите кои ќе бидат вклучени во пред-акцелераторска програма, ќе добијат менторска поддршка за развој на својата бизнис идеја, стекнувајќи практични вештини за успешно водење на бизнисот во сите аспекти

Нетворкинг

СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО

Тимот на X Фактор Акцелератор е составен од инвеститори и успешни деловни луѓе, кои се спремни своите практични бизнис искуства и релации да ги стават во функција на поддршка на растот на вашите бизниси.

МЕНТОРСТВО ЗА РАСТ

"Know-how" преку искуство

Располагаме со огромна менторска мрежа од практичари и бизнис ангели, со реално искуство за водење успешен бизнис, кои заедно со основачите, ќе го помогнат растот на стартап тимовите во кои ќе се донесе одлука за финансирање.

НАШИОТ ТИМ

igor-andreev-1

Д-р Игор Андреев

Kо-сопственик и бизнис консултант

Поседува повеќе од десетгодишно искуство во консултантскиот бизнис, поврзано пред сѐ со развој и оценка на бизнис – идеи, поттикнување на претприемништвото, креативноста и иновативноста, особено кај младата популација.Во моментот е еден од основачите и Претседател на Институтот за Маркетинг Истражувања (ИМИ) – Скопје, 

Milan-Dimitrievski-Circle

Милан Димитриевски

Oперативен менаџер

Во моментот е Управител на сопствената компанија Делта – пром инг ДООЕЛ Велес која е основана во 2013 година, при што, на оваа позиција се наоѓа од нејзиното основање до денес. Фирмата е една од најуспешните во градежниот сектор во регионот и пошироко. 

Todor-Levkov-circle

Тодор Левков

Финансиски менаџер

Поседува над триесет годишно работно искуство во финансискиот банкарски сектор, посебно во кредитирањето на правни лица, со огромно искуство во следењето на пазарот, клиентите и кредитните активности. При тоа, деветнаесет години ја извршува менаџерската позиција како Директор на Филијалите на Стопанска и Комерцијална Банка во Велес. 

Sase

Сашко Панчевски

Главен бизнис советник

Во периодот од 2008 до денес е основач и Извршен Директор на ЕУРОПАП ДОО Скопје. Компанијата е член на DHYS групацијата, водечка меѓународна трговска асоцијација во секторот на производи и услуги за професионална хигиена, и во својата мрежа вклучува седум еминентни Европски групации на дистрибутери на големо, кои се присутни во над 25 држави.

10 +
Апликации
0
Mенторирани стартапи
0
Демо дена
0
Презентации
0
инвестиции