fbpx

Во НАЈАВА!!! Уникатен Opening Meetup настан на велешкиот X Factor Accelerator!

X Factor Accelerator Opening Meetup е уникатен еднодневен настан на кој покрај церемонијалниот дел, со што и официјално ќе се означи стартувањето на првиот инвестициски циклус, ќе се започне и серијалот панел дискусии Бизнис Разговори За Успешен Стартап.

Покрај тимот на акцелераторот, кој го сочинуваат претприемачи со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси, панелист на работната сесија ќе биде и Михаил Китановски од Д2ЕМ Консалтинг.

Со тоа всушност ќе стартува и серијалот од повеќе слични настани во пред – акцелераторската фаза, на кои сопствениците од првата генерација стартапи ќе имаат уникатна можност, со експертска поддршка да ги унапредат своите бизнис модели и да ги зајакнат вештините за градење тимови, маркетинг, продажба, финансии, проектен менаџмент, управување со ризици и сл..

 

Shopping Basket