Учество на Х Фактор Акцелератор на вебинарот организиран од Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал во рамки на проектот Зошто не јас? 2.0Тема: Како да започнете сопствен бизнис?

Можности за користење јавни фондови и акцелераторски програми за стартапи. На вебинарот се дискутираше за достапните можности за младите за започнување и унапредување нивните бизниси од перспективата на државните институции и бизнис акцелераторите од различни региони во нашата држава.

Сашко Панчевски, главен бизнис советник на Х Фактор Акцелератор сподели практични информации, знаења и совети за сите млади, водејќи ги низ претприемачките програми кои ние ги нудиме.

Проектот Зошто не јас 2.0? (Why Not Me 2.0?) е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Ви благодариме Mladiinfo.

Tags: No tags