X Фактор Акцелератор од Велес е првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје, кој е основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси. 

Целта е да се поттикне и регионалното претприемништво преку раздвижување на стартап сцената и надвор од главниот град. За таа цел, во период од 30 месеци се предвидува имплементација на акцелераторската програма „Заедно растеме“, со која ќе се обезбеди нѐ само едукативна, туку и финансиска поддршка за развој на почетни иновативни бизниси, кои имаат голем потенцијал за раст. 

Проектот за негово стартување е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија (ФИТР), во соработка со Светска банка, преку инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно – технолошки акцелератори. Седиштето на акцелераторот е во строгиот центар на општина Велес, на ул. Борис Карпузов број 1, во деловни простории специјално опремени и дизјнирани за потребите на неговите корисници.

НАШИОТ ТИМ

Д-р Игор Андреев

Извршен Директор

Поседува повеќе од десетгодишно искуство во консултантскиот бизнис, поврзано пред сѐ со развој и оценка на бизнис – идеи, поттикнување на претприемништвото, креативноста и иновативноста, особено кај младата популација. Во периодот од 2009 до 2012 година, работел како асистент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) – Битола, на катедрата за маркетинг менаџмент и бизнис. Од 2011 година е регистриран како советник – генералист во Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Р. Македонија (АППРМ) во областите: подготовка на бизнис – план, верификација на бизнис – идеја, менаџмент, маркетинг и маркетинг истражување. Во моментот е еден од основачите и Претседател на Институтот за Mаркетинг Истражувања (ИМИ) – Скопје, како и активен член на Ротари Клубот Велес и на Одборот за Локален економски развој на општина Велес.

Емаил: igorandreev@xfacc.mk

Милан Димитриевски​

ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР​

Во моментот е Управител на сопствената компанија Делта – пром инг ДООЕЛ Велес која е основана во 2013 година, при што, на оваа позиција се наоѓа од нејзиното основање до денес. Фирмата е една од најуспешните во градежниот сектор во регионот и пошироко. Тој е активен член и секретар на Ротари Клубот Бели Мугри од Велес.

Емаил: milandimitrievski@xfacc.mk

Тодор Левков

Финансиски Менаџер

Поседува повеќе од триесет годишно работно искуство во финансискиот банкарски сектор, посебно во кредитирањето на правни лица, со огромно искуство во следењето на пазарот, клиентите и кредитните активности. При тоа, деветнаесет години ја извршува менаџерската позиција како Директор на Филијалите на Стопанска и Комерцијална Банка во Велес. Тодор Левков е и активен член на Ротари Клубот Скопје Центар, а воедно и член на неговиот Комитет за инвестиции.

Емаил: todorlevkov@xfacc.mk

Сашко Панчевски

Главен бизнис советник

Во периодот од 2008 година до денес е основач и Извршен Директор на ЕУРОПАП ДОО Скопје. Компанијата е член на DHYS групацијата, која е водечка меѓународна трговска асоцијација во секторот на производи и услуги за професионална хигиена, која во својата мрежа вклучува седум еминентни Европски групации на дистрибутери на големо, како и околу 120 фирми, кои се присутни во повеќе од 25 држави. Во изминатиот период од 3 години, ЕУРОПАП ДОО Скопје е лидер на македонскиот пазар во овој сектор, при што инвестираше и во два нови стартапи, на кои им обезбедува максимална поддршка во сите сегменти од работењето.

Емаил: saskopancevski@xfacc.mk