Имате идеа за бизнис, но ви недостасуваат бизнис вештини и финансии?

Во светот на бизнисот речиси е невозможно да се успее самостојно. Од тие причини, и самата појава на акцелераторите и зголемувањето на нивната популарност како извор на финансирање на стартапите во најризичната фаза од нивниот развој. Затоа, аплицирај и зголеми си ги шансите за успех преку обезбедување финансиска и менторска поддршка од наша страна.

Услови за аплицирање

“Дали ги исполнувам условите?„

Наша препорака е пред да започнете со процесот на аплицирање е да ги прочитате условите кои треба да ги исполните со цел Вашата апликација да се квалификува во програмата за поддршка од страна на X Фактор акцелераторот.

АПЛИЦИРАЊЕ

Постојат два начини (апликациски форми) на кои можете да аплицирате:

Кратка апликациска форма

Потребна на самиот почеток за да се утврди фазата на развој во која се наоѓа бизнис – идејата, да се направи првична проценка на нејзината атрактивност, капацитетот на тимот, клучните фактори за ризик и успех, износот и намената на бараните средства и сл. 

Долга апликациска форма

Доколку развојот на бизнис – идејата е во понапредна фаза и претприемачките тимови се чуствуваат спремни самите да изработат понапредна верзија на бизнис – планот или пак веќе го имаат претходно подготвено за други инвеститори.

По превземањето на апликациската форма, потребно е истата да се пополни и да се прати на емаил: info@xfacc.mk