Потпишан Меморандум за соработка со Ректорот на УКЛО-Битола

Потпишан Меморандум за соработка, со Ректорот на УКЛО-Битола, Проф. д-р Сашо Коруновски, со кој се официјализира соработката помеѓу X Фактор Акцелераторот и УКЛО.

Целта е да се постигне синергија во обезбедувањето поддршка на студентите од УКЛО-Битола и на сите млади луѓе од регионот, кои имаат атрактивни бизнис - идеи и истите да ги развијат во профитабилни бизниси.

На тој начин, со заеднички напори ќе се поддржи изградбата на силен регионален претприемачки екосистем, способен да креира нови работни места во Велес, како и во поголемите градски центри во регионот: Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Неготино и др.