Често Поставувани Прашања​

Овде може да најдете одговори на прашањата кои најчесто ги добиваме. Доколку не го најдете вашиот одговор овде, слободно контакирајте не.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

X Фактор Акцелератор од Велес е првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје. Тој е правен субјект регистриран како Друштво со ограничена одговорност (ДОО), основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси. Неговата мисија е да го поттикне и регионалното претприемништво преку раздвижување на стартап сцената и надвор од главниот град. Седиштето на акцелераторот е во строгиот центар на општина Велес, на ул. Борис Карпузов број 1, во деловни простории специјално опремени и дизјнирани за потребите на неговите корисници.

 

Проектот за негово стартување е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија (ФИТР), во соработка со Светска банка, преку инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно – технолошки акцелератори. Поддршката се состои во обезбедување на 75% од средствата за имплементација на проектот, додека остатокот од 25% се средства на основачите.

Има неколку клучни разлики помеѓу бизнис инкубаторите и бизнис акцелераторите.

 

Првата и најголема разлика се состои во тоа што бизнис акцелераторите, покрај едукативна/менторска поддршка, обезбедуваат и финансии за атрактивните стартапи, што не е случај кај бизнис инкубаторите.

 

Втората клучна разлика е што со инвестирањето во бизнисот, бизнис акцелераторите стекнуваат и малцински удели во фирмата, со што се исклучително заинтересирани бизнисот да успее и да постигне значителен раст за брзо време.

Всушност, мотивот на основачите на бизнис акцелераторите за да инвестираат пари, експертиза и време во таргетираните стартапи е да остварат профит преку излез од бизнисот, кога вредноста на нивните удели ќе достигне доволно голема вредност која ги задоволува претходно утврдените профитни цели.

Во светот на бизнисот речиси е невозможно да се успее самостојно. Од тие причини, и самата појава на акцелераторите и зголемувањето на нивната популарност како извор на финансирање на стартапите во најризичната фаза од нивниот развој, се заснова токму на поддршката на тимови на претприемачи, а не на индивидуалци.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА ЗА ПОДДРШКА ОД НАША СТРАНА?

Поддршката ќе биде насочена кон две групи стартапи кои се во разни фази од нивниот развој и тоа:

 

Прва група – кои се наоѓаат во почетна фаза. Всушност, станува збор за сеуште неформирани правни субјекти, но со развиен концепт на бизнис - идејата до ниво на почетна верзија на бизнис - план, при што е креиран тимот за продолжување на процесот на нејзин развој и

 

Втора група – кои се наоѓаат во понапредна фаза. Всушност, станува збор за веќе основани мали и средни претпријатија кои работат 1-2 години и имаат развиено и тестирано концепти/прототипи на производите и/или услугите, излегле на пазар и веќе имаат или пак во најава е продажба на првите клиенти.

 

Да. Фирмите треба да се регистрирани во Централниот регистер согласно позитивните законски прописи во Република Македонија и да бидат во сопственост на физичко(и) лице(а) и/или микро, мали или средни претпријатија, со мнозинска македонска сопственичка структура од 50,1% или повеќе.

Основно за сите стартапи кои ќе се поддржат е да понудат иновативни решенија за постоечки проблеми и да имаат потенцијал за брз раст. При тоа, се очекува географскиот пазар каде ќе се продаваат производите и/или услугите да биде во најмала рака македонскиот (за почеток, во првите 1-2 години од стартувањето на бизнисот), а на краток рок (после 3-5 години), бизнисот да има регионална и/или глобална експанзија.

Не. Иновација не мора да значи радикална технолошка иновација која за првпат се појавува на глобалниот пазар, иако тоа е најпосакуваната опција за секој инвеститор. Односно, иновација може да биде и креирање ново, или значително подобрено решение на постоечки производ, услуга, бизнис - процес и сл., откривање незадоволена потреба на пазарот, креирање иновативни бизнис модели за испорака на вредност кон клиентите и генерирање профит, нови маркетинг методи, начини на креирање цена и сл.

Нема ограничувања во однос на дејноста на стартапите кои ќе се поддржат. Сепак приоритет ќе имаат оние кои ќе понудат дигитализирани иновативни решенија во традиционалните македонски сектори, како што е земјоделието и преработувачката индустрија, но и во: здравството, образованието, финансиските услуги, енергетиката, туризмот, заштитата на животната средина, онлајн трговијата, гејминг индустријата и сл.       

Не. Имено, иако мисијата на X Фактор Акцелераторот како единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје е да ја зајакне и раздвижи регионалната претприемачка сцена, сепак, за поддршка може да аплицираат стартапи од сите градови и региони во Република Македонија, вклучително и од Скопскиот плански регион.

Не. Ограничувања не постојат во однос на видот на таргетираните клиенти од страна на стартапите. Имено, може да аплицираат за поддршка и стартапи чиј таргет се бизнис - клиенти (B2B – Business - to - Business), како и оние чии производи и/или услуги се наменети за продажба на индивидуални крајни корисници (B2C – Business - to - Consumer).

Не. Проекти за самовработување наменети пред сѐ за локален пазар во одредена општина (пр.: ресторани, игротеки, бутици и сл.), не се финансираат со овој проект. Затоа постојат други видови поддршка, како на пр.: Проектот за самовработување, кој се реализира преку Агенцијата за вработување и др.

ШТО НУДИМЕ? КАКОВ ВИД ПОДДРШКА ОБЕЗБЕДУВАМЕ?

Износот на паричната поддршка која ќе се инвестира во стартапите ќе зависи од фазата на развој во која тие се наоѓаат.

 

Или, за првата група стартапи кои се наоѓаат во почетна фаза се предвидува финансирање до износ од околу 30.000 евра, кои ќе бидат наменети за: валидација на бизнис - идејата, развој на производите и/или услугите, нивно пазарно тестирање и валидација, креирање алтернативни бизнис модели за влез на пазар и почетно генерирање приходи.

 

За втората група стартапи кои се наоѓаат во понапредна фаза се предвидува последователно финансирање до 70.000 евра, кои ќе бидат наменети за: валидација на бизнис - моделот и скалирање на бизнисот, засилени маркетинг и продажни активности, зголемување на бројот на клиенти и раст на приходите од продажбата.

 

Да. Нашиот тим го сочинуваат искусни практичари кои имаат стартувано сопствени бизниси и успешно управуваат со нив, како и бизнис - експерти во делот на креирање стратегии за раст, иновации и претприемништво, маркетинг истражување, продажба, финансии и др. Тие ќе понудат континуирана менторска поддршка на оние стартапи во кои ќе се финансираат средства. Дополнително, со поддршка на нашата мрежа на домашни и странски бизнис - консултанти и ментори, ќе се креираат и испорачаат тренинг модули, согласно специфичните потреби на секој од избраните стартапи.

Покрај планираниот буџет за инвестиции, доколку произлезе потреба за дополнителни финансии, истите ќе се обезбедат и од останати надворешни инвеститори. За таа цел, паралелно со сите проектни активности ќе се организираат и настани за вмрежување на претприемачките тимови со заинтересирани бизнис ангели, а во партнерство со општините од регионот, ќе се настојува да се привлече вниманието и на големиот број иселеници, кои ќе имаат шанса, на едно место да пронајдат атрактивни бизнис можности за инвестирање.

ШТО ДОБИВАМЕ НИЕ ЗА ПОДДРШКАТА КОЈА ЈА ОБЕЗБЕДУВАМЕ?

Не. Фирмата нема обврска да понуди никакви обезбедувања, во вид на залог, хипотеки и сл.. Со инвестирањето во секој од стартапите, правниот субјект X Фактор Акцелератор, стекнува соодветен удел во сопственичката структура на фирмата. Клучниот мотив за инвестирање е да се оствари профит, преку излез од фирмата и продажба на сопствените удели во момент кога вредноста на бизнисот ќе порасне до задоволително ниво.

Не. Целта на акцелераторот не е да биде доминантен сопственик. Висината на уделот ќе зависи од износот на средства кои ќе се вложат, валуацијата на стартапот и сл. Но, бидејќи станува збор за стартапи во почетната и најризична фаза од развојот, кога е исклучително тешко тие да се вреднуваат, процентот на удел ќе зависи пред сѐ од проценката на нивната атрактивност и вербата дека тие ќе имаат брз, глобален и одржлив раст.     

Начинот на мониторинг и контрола на работењето од страна на акцелераторот ќе се регулира во посебен Договор кој ќе се потпише пред започнувањето на проектните активности. Во секој случај, претприемачките/менаџерски тимови на фирмата ќе раководат со секојдневното/оперативно работење, додека инвеститорите од акцелераторот ќе учествуваат пред сѐ во процесот на носење стратегиски важни одлуки за раст и развој на бизнисот.

ПРОЦЕС НА АПЛИЦИРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА

Во нашиот процес потребно е да се пополнат две апликациски форми и тоа:

Кратка апликациска форма, која ни е потребна на самиот почеток за да се утврди фазата на развој во која се наоѓа бизнис - идејата, да се направи првична проценка на нејзината атрактивност, капацитетот на тимот, клучните фактори за ризик и успех, износот и намената на бараните средства и сл. и

Долга апликациска форма, која е во форма на понапредна верзија на бизнис - план, чија цел е да ни помогне во носењето на финалната одлука за инвестирање.

Редоследно, чекорите во процесот на аплицирање и евалуација во акцелераторот се следниве:

  1. Пополнување и испраќање на кратката апликациска форма. Првична евалуација на бизнис - идејата од страна на Комисијата за оценка и одобрување на инвестиции,
  2. Започнување на пред - акцелераторска фаза, за тие стартапи што ќе го поминат првиот степен на евалуација. Нивно оспособување за изработка на понапредна верзија на бизнис - план и континуирана евалуација со примена на разни техники,
  3. Изработка и испраќање на долга апликациска форма, во форма на понапредна верзија на бизнис - план. Избор на 5 - 10 стартапи помеѓу кои ќе се прави финалниот избор за инвестирање,
  4. Реализација на акцелераторската програма со наслов “Заедно растеме”и донесување конечна одлука за инвестирање во најатрактивните стартапи.

Првиот чекор во процесот на аплицирање е многу едноставен. Имено, сите заинтересирани тимови на претприемачи кои сметаат дека ги исполнуваат горенаведените критериуми, потребно е само да ја пополнат кратката апликациска форма, која може да се превземе со кликање тука. Откако ќе се пополнат бараните податоци, апликацијата треба да се прати на емаил: info@xfacc.mk.

Одговорот дали продолжувате понатаму, ќе го добиете во рок од 15 дена од денот на приемот на кратката апликациска форма. Само претприемачките тимови кои добиле позитивен одговор се квалификуваат да влезат во пред - акцелераторската фаза.

Пред - акцелераторската фаза, има две цели: прво, да го продолжи процесот на евалуација на претприемачките тимови и нивните бизнис - идеи и второ, оние кои ќе останат во „трката“, да ги оспособи за изработка на долгата апликациска форма, која е во форма на понапредна верзија на бизнис - план.  

 

За реализација на првата цел, може да се искористат разни техники и тоа: директни интервјуа, подготовка и испорака на усна или видео презентација на бизнис - идеите и сл. За постигнување на втората цел, може да се организираат индивидуални менторски сесии, но и интензивни тренинг - сесии за бизнис - планирање на оние тимови кои имаат најголем потенцијал.  

 

Колку долго ќе трае оваа фаза, ќе зависи од бројот на апликанти, но и од потребата за нивна поддршка во делот на изработката на понапредната верзија на бизнис - планот. За негово подготвување, тимовите ќе имаат на располагање околу 3-4 недели.

 

Пред - акцелераторската фаза завршува со избор на 5-10 стартапи помеѓу кои ќе се прави финалниот избор за инвестирање.

Да. Тоа е возможно доколку развојот на бизнис - идејата е во понапредна фаза и претприемачките тимови се чуствуваат спремни самите да изработат понапредна верзија на бизнис - планот или пак веќе го имаат претходно подготвено за други инвеститори. Сепак, одлуката за тоа ќе се донесе после првичната средба, но и во тој случај истиот ќе треба да се прилагоди согласно нашиот формулар.

Прво треба да се превземе долгата апликациска форма преку кликање тука, па откако ќе се пополнат бараните податоци, апликацијата треба да се прати на емаил: info@xfacc.mk.

Комисијата за оценка и одобрување на инвестиции ќе ја носи финалната одлука за избор на стартапите во кои ќе се инвестира врз основа на проценка на:

  • Пазарниот/профитниот потенцијал,
  • Степенот на иновативност,
  • Јасноста на утврдените стратегии за постигнување, но пред сѐ за одржување конкурентска предност,
  • Капацитетот на тимот,
  • Спремноста за кофинансирање на проектот, преку сопствено учество,
  • Реалноста на финансиските/буџетски проекции и
  • Одржливоста на целиот бизнис - модел.

Финалната одлука во однос на изборот на стартапите во кои ќе се инвестира ќе се донесе во рок од 15 дена од денот на поднесување на долгата апликациска форма, која е во форма на понапредна верзија на бизнис - план.

Целта на акцелераторската програма со наслов „Заедно растеме“ е да им обезбеди едукативна/менторска поддршка на оние тимови од најатрактивните стартапи за кои има најголеми шанси да се донесе финална одлука за инвестирање. При тоа, и самиот наслов на програмата укажува дека намерата е со заеднички напори, да се забрза процесот на комерцијализација и скалирање на бизнисот. Програмата ќе биде прилагодена согласно специфичните потреби на секој од претприемачките тимови, при што за нејзина реализација ќе се применат разни техники, како што се: индивидуални менторски сесии, работилници за разни бизнис теми и сл.