Како до инвестиција?

АПЛИКАЦИЈА

Испратете краток опис на вашата бизнис идеја со пополнување на кратката апликациска форма. Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза.

РАЗВОЈ НА БИЗНИС ИДЕЈАТА

Селектираните тимови треба да ги доразвијат своите првични бизнис концепти низ процес на пополнување на долгата апликациска форма.
Целта е да се претстави идејата во формат на бизнис план, со финансиски проекции, за да се утврди вистинскиот потенцијал за раст на бизнисот.

МЕНТОРСТВО

Тимовите со најголем потенцијал ќе бидат вклучени во предакцелераторската програма каде низ процес на реализирање групни тренинзи и индивидуални менторски сесии ќе се стекнат со практични вештини за раст на своите бизниси.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Процесот завршува со организирање на ДЕМО ДЕН каде сите селектирани тимови ги презентираат своите бизнис идеи пред членовите на Комитетот за одобрување инвестиции. Тие ја носат финалната одлука за тоа кои стартап тимови имаат најголем потенцијал да развијат успешен бизнис, што е основа за инвестициска одлука и старт на стратешко партнерство со Х Фактор Акцелератор

10 +
Апликации
0
Mенторирани стартапи
0
Демо дена
0
Презентации
0
Инвестиции

Успешни Приказни

X Фактор Акцелераторот е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој објави две инвестици во износ од 200.000 евра, во развој и комерцијализација на две иновативни стартап идеи, со глобален потенцијал за брз раст.

"Нашето искуство со менаџерскиот тим на Х Фактор Акцелератор беше од особена важност за раст на нашиот старт-ап. Не само што ја придвиживме нашата идеја напред, туку дојдовме до трајни пријателства и проширени мрежи кои ќе продолжат да растат и во иднина."

Софија Дацева
CEO, Matrioshka DOOEL SKOPJE

"Акцелераторот ни помогна да се фокусираме на процесот на развој на клиенти и брз излез на нови пазари. Го препорачувам за сите стартапи на кои што им е потребна експертска и финансиска поддршка за профитабилен и брзорастечки

бизнис."

Душко Муртовски
CTO, Vision Dynamix

Отворен повик

до 28.02.2021

за инвестициска поддршка до

100.000 евра !!!

Наши партнери

kitanovski_1610985120
seeupark
spring300x100