Ние сме приватен бизнис Акцелератор поддржан од Светска Банка преку ФИТР, со 600.000 евра кофинансиран грант. Постоиме 2 години и за тоа време сме реализирале две пред акцелераторски програми, на кои во конкуренција на повеќе од 100 апликанти учествувале 30 стартап тимови. Низ програмата се доразвивале нивните иновативни идеи во сите области, вклучително и за иновации на општинските услуги на општините од Вардарскиот Источниот, Скопскиот ирегион, но и пошироко. До овој момент имаме организирано и два Демо денови, од кои едниот онлајн за прв пат во државата и регионот, при што пред Комитетот за одобрување инвестиции и пошироката јавност, своите иновативни идеи ги презентираа 20 стартап тимови. Одлука за инвестирање се донесе во два глобално иновативни стартапи во ИТ и прехрамбената индустрија. На сите стартапи, континуирана менторска поддршка им се обезбедува од огромна мрежа на домашни и странски ментори и експерти во областа на иновациите, развој на нови производи/услуги, маркетинг и продажба, стратегии за раст и сл.