Д-р Игор Андреев

Извршен Директор

Поседува повеќе од десетгодишно искуство во консултантскиот бизнис, поврзано пред сѐ со развој и оценка на бизнис - идеи, поттикнување на претприемништвото, креативноста и иновативноста, особено кај младата популација. Во периодот од 2009 до 2012 година, работел како асистент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) - Битола, на катедрата за маркетинг менаџмент и бизнис. Од 2011 година е регистриран како советник - генералист во Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Р. Македонија (АППРМ) во областите: подготовка на бизнис - план, верификација на бизнис - идеја, менаџмент, маркетинг и маркетинг истражување. Во моментот е еден од основачите и Претседател на Институтот за Mаркетинг Истражувања (ИМИ) - Скопје, како и активен член на Ротари Клубот Велес и на Одборот за Локален економски развој на општина Велес.