МЕНТОРИ

Kонтинуирана менторска поддршка на оние стартапи во кои ќе се финансираат средства, ќе биде обезбедена пред сѐ од страна на нашиот тим, кој го сочинуваат искусни практичари кои имаат стартувано сопствени бизниси и успешно управуваат со нив, како и бизнис – експерти во делот на креирање стратегии за раст, иновациски менаџмент, маркетинг истражување, продажба, финансии и др.

За таа цел ќе се искористи и нашата менторска мрежа, која ја сочинуваат голем број домашни и странски бизнис – консултанти и ментори, со чија помош ќе се креираат и испорачаат тренинг модули, согласно специфичните потреби на секој од избраните стартапи. Во неа, покрај експертскиот тим на стратегискиот партнер Д2ЕМ консалтинг, се вклучени и менторите од Swiss EP програмата, со кој потпишавме и меморандум за соработка, како и останати искусни професионалци од мрежата на деловни соработници, која континуирано се проширува.