И оваа година Х Фактор Акцелератор беше дел од Глобалната Недела на Претприемништво

Настанот беше дел од Global Entrepreneurship Week North Macedonia, а го организиравме во соработка со Регионалниот центар за поддршка на социјалните претпријатија во Вардарски плански регион, во рамките на проектот Support to Social Enterprises – Поддршка на социјалните претпријатија.

Извршниот Директор на Х Фактор Акцелератор Милан Димитриевски, ги поздрави присутните и го истакна значењето на поддршката на социјално претприемачките идеи и надвор од Скопје. Во тој контекст, изрази задоволство што дел од учесниците на саемот поминаа и низ акцелераторските програми, а ја најави и првата инвестиција на Х Фактор во велешки стартап.

На саемот беа презентирани успешни примери за социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион, а беа изложени и штандови на кои учесниците разменуваа идеи и искуства.

Регионалнот саем е дел од проектот „Поддршка на социјално претприемништво“, кој што е финансиски поддржан од Европската Унија, а имплементиран од страна на Конзорциумот Барка/ Ептиса/ Екорис во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Tags: No tags