Продуктивна средба со Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров во нашите простории во Велес.

Bо просториите на Х Фактор Акцелератор во Велес се одржа работна средба на Директорот на ФИТР Коста Петров со тимот на акцелераторот.

На средбата, Директорот беше запознат со тековните активности при што фокусот се стави на претстојните инвестиции.

Покрај првите две инвестиции во Матриошка и Вижн Дајнамикс, Извршниот Директор на акцелераторот Милан Димитриевски информираше и за најновата инвестиција во Брамел, чии основачи беа присутни на средбата.

Презентација на првото сако наменето за мотоциклисти во светот, иновативен производ на македонскиот стартап „Brummel”. Ова е трета инвестиција на Х Фактор Акцелератор од 100.000 евра во понатамошниот раст на компанијата основана од Нино Карас и Нина Левиќ, со свои претставништва во Скопје и Њу Џерси.

Презентација на првото сако наменето за мотоциклисти во светот

ДФИТР Петров „Навистина сум горд што Х Фактор Акцелераторот продолжува да биде место кое го стимулира развојот на иновативни стартапи и покажува дека Р.С. Македонија е на добар пат да биде стартап хаб во регионот.“

Директорот Петров беше запознат и со текот на преговорите со уште една група атрактивни стартап тимови од последниот повик, кои се очекува да финишираат до крајот на годината со уште две нови инвестициии.

Со тоа, Х Фактор Акцелератор во целост ќе ги исполни предвидените цели во однос на планираните инвестиции во стартапите, на кои покрај финансиска им се обезбедува и континуирана стратегиска поддршка за брз раст.

Присутните изразија задоволство од одличната соработка во изминатиот период и постигнатите резултати, со надеж дека истата ќе продолжи и во следниот период со уште посилна динамика.

Tags: No tags