Критериуми за апликација

На повикот можат да се пријават правни лица. Фирмата, треба да е регистрирана во Централниот регистер согласно позитивните законски прописи во РСМ, и да бидe во сопственост на физичко(и) лице(а) и/или микро, мали и средни претпријатија со мнозинска македонска сопственичка структура од 50,1% или повеќе. Може да се аплицира со бизнис идеја во сите сектори и индустрии, при што треба да се исполнуваат и следниве услови:

Mоже да аплицираат оформени тимови од минимум двајца поединци со јасна визија дека сакаат да „запливаат“ во светот на претприемништвото

Тимовите/компаниите кои аплицираат треба да имаат креирани и пазарно валидирани производи/услуги, со кои на иновативен начин се решаваат проблемите на одредени целни групи клиенти (B2B и/или B2C)

Развиена првична верзија на бизнис-модел кој ветува солиден потенцијал за раст со јасна визија за развој на бизнисот

Апликантите треба да се со силен мотив да се посветат на идеата, да почнат веднаш со цел за брза комерцијализација преку јасна „Go To Market“ стратегија и план за продажба на први клиенти

Кратка апликациска форма

Со одговорите на прашањата во кратката апликациска форма, го претставувате бизнис концептот, кој е основа за првична евалуација од страна на Комитетот за евалуација на проекти. Најатрактивните бизнис идеи ќе бидат селектирани за влез во предакцелераторската програма.

    Испрати Апликација

        10 +
        Апликации
        0
        Mенторирани стартапи
        0
        Демо дена
        0
        Презентации
        0
        инвестиции