Се одржа трибина за поддршка на стартап бизниси

Панел дискусија “И Стартап е опција” – завршен настан од заедничката кампања со УГД-Штип, во рамките на Глобалната недела на претприемништво 2019.

Огромна чест е да се биде дел од над 15.000 партнерски организации кои во 170 земји промовираат иновации, креативност и развој на стартап екосистемот, што крајно треба да доведе кон економски раст и благосостојба.

 

“Игор Андреев од Х фактор акцелератор од Велес истакна дека со оваа панел дискусија очекува малку да се раздвижат стартапите и во останатите региони во земјава, не само во Скопје. Забележува дека постојат веќе една година како акцелератор и се позитивно изненадени од резултатите коишто ги имаат.

-Во првиот инвестициски циклус ни се јавива педесетина апликанти , од кои 13 влегоа во пред акцелераторска програма, осум презентираа пред Комитетот за одобрување на инвестиции, а веќе сме во финална одлука за инвестирање во два или три најатрактивни стартапи, коишто имаат иновативен и голем потенцијал за раст, вели Андреев.”

Tags: No tags