Трета инвестиција на Х Фактор Акцелератор – Brummell моторџиско сако, иновација каква досега, ни приближно не постои на пазарот!

Првото моторџиско сако во светот!

Brummell сакото е перфектно дизајнирано парче опрема, кое изгледа како сако однадвор, а одвнатре ги има истите карактеристики и перфоманси на моторџиска јакна.

Зошто е креирано ова Brummell моторџиско сако? Во овој брз и динамичен начин на живеење, луѓето секојдневно имаат бизнис состаноци и различни настани. Додека пак, моторџиската опрема која е достапна на пазарот не дозволува истовремена заштита и соодветен бизнис изглед, па кај милиони мотоциклисти секојдневно се поставува прашањето за избор меѓу деловен изглед и заштита. Затоа при дизајнот се опфатени три главни аспекти: изглед, заштита и удобност.

Со цел добивање на елегантен изглед, надворешниот материјал на сакото е премиум материјал кој се користи кај луксузни и поскапи сакоа.

При возење на мотоцикл, горниот дел од телото е постојано изложен на постуден воздух. Затоа, Brummell сакото содржи ветроотпорен околувратник кој се вади, и го покрива пределот околу вратот и градниот кош на возачот. На крај, мотоциклите имаат различни форми и големини, при што позицијата на телото варира од исправена до нанапред навалена позиција. Затоа, Brummell сакото е дизајнирано со специјални фалти на рамената, кои овозможуваат слободно движење на рацете и на грбот. Покрај тоа, материјалите кои се користат за целото сако содржат еластин за еластичност.

Промо видео

Инвестицијата во првото Brummell моторџиско сако на Х Фактор Акцелератор е трета инвестиција која се одвива во две фази. Во првата фаза се инвестираат 30.000 евра, по што ќе следи дополнителна инвестиција од 70.000 евра. Претходно Х Фактор Акцелератор инвестираше во Матриошка, за комерцијализација на иновативниот производ – сладолед од вино (Wice) и во Вижн Дајнамикс за иновативното софтверско решение за 3D мапирање во реално време.

https://ridebrummell.com/

Tags: No tags

Comments are closed.