Како до инвестиција?
Испратете краток опис на вашата бизнис идеја со пополнување на кратката апликациска форма. Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза.
Селектираните тимови треба да ги доразвијат своите првични бизнис концепти низ процес на пополнување на долгата апликациска форма.
Целта е да се претстави идејата во формат на бизнис план, со финансиски проекции, за да се утврди вистинскиот потенцијал за раст на бизнисот.
Тимовите со најголем потенцијал ќе бидат вклучени во предакцелераторската програма каде низ процес на реализирање групни тренинзи и индивидуални менторски сесии ќе се стекнат со практични вештини за раст на своите бизниси.
Процесот завршува со организирање на ДЕМО ДЕН каде сите селектирани тимови ги презентираат своите бизнис идеи пред членовите на Комитетот за одобрување инвестиции. Тие ја носат финалната одлука за тоа кои стартап тимови имаат најголем потенцијал да развијат успешен бизнис, што е основа за инвестициска одлука и старт на стратешко партнерство со Х Фактор Акцелератор
Успешни Приказни
"Нашето искуство со менаџерскиот тим на Х Фактор Акцелератор беше од особена важност за раст на нашиот старт-ап. Не само што ја придвиживме нашата идеја напред, туку дојдовме до трајни пријателства и проширени мрежи кои ќе продолжат да растат и во иднина."

"Акцелераторот ни помогна да се фокусираме на процесот на развој на клиенти и брз излез на нови пазари. Го препорачувам за сите стартапи на кои што им е потребна експертска и финансиска поддршка за профитабилен и брзорастечки
бизнис."

Наши партнери












